• понеделник, 23 декември 2024

Герасимовски: Ги покануваме граѓаните на буџетски форуми за заедно да го унапредиме животот во Центар

Герасимовски: Ги покануваме граѓаните на буџетски форуми за заедно да го унапредиме животот во Центар

Скопје, 6 ноември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со општинската администрација ги покануваат граѓаните на расправа за буџетските форуми за 2024 година која ќе се одржи во среда на 8 ноември во ОOУ „Ј.Х. Песталоци“ од 18 часот. Овие форуми овозможуваат граѓанскопартиципативно учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови, соопштија од Општина Центар.

-Ги поканувамe граѓаните да земат учество на граѓанските форуми со цел заеднички да ги креираме програмите и проектите со што ќе придонесеме за поквалитетен живот за сите нас. За нас е особено важен нивниот придонес како и нивните потреби. Затоа е важно да продускутираме добиеме предлози, да ги слушнеме секторите и дел од овие предлози ги преточиме во проекти и ги планираме во буџетот за следната година, вели Герасимовски.

Општина Центар продолжува да гради блиски и лични средби со граѓаните со цел  да добијат проекти, кои ќе им го подобрат животот во населбите во коишто живеат. љм/са/

Фото: Општина Центар

Остани поврзан