• вторник, 25 јуни 2024

Герапетритис: Грција го поддржува меѓународното право и го почитува ратификуваниот меѓународен договор, истото го бараме и од Северна Македонија

Герапетритис: Грција го поддржува меѓународното право и го почитува ратификуваниот меѓународен договор, истото го бараме и од Северна Македонија

Атина, 2 јуни 2024 (МИА) – Основен принцип на меѓународното право е почитувањето на договорите. Грција доследно го поддржува меѓународното право и го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор. Истото го бараме и од Северна Македонија, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкиот весник „Етникос Кирикс“ што се издава во САД, јави дописничката на МИА од Атина.

Герапетритис рече дека „неодамнешните изјави на претседателката и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го поткопуваат Договорот од Преспа, кој без исклучок ги обврзува сите раководства на Северна Македонија“.

-Ја истакнавме обврската на Северна Македонија целосно да се усогласи со Договорот од Преспа и уставното име на земјата и на сите меѓународни форуми ја претставивме потребата од негово доследно и добронамерно спроведување, рече шефот на грчката дипломатија.

Дополнително, ја потсети позицијата на актуелната грчка Влада, како опозиција, кога, како што рече „навреме укажа на правните и техничките проблеми во Договорот од Преспа“.

-Но, сепак, појаснивме дека штом овој Договор би се ратификувал од грчкиот Парламент, ќе ја обврзе земјата. Основен принцип на меѓународното право е почитувањето на договорите. Грција доследно го поддржува меѓународното право и го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор. Истото го бараме и од Северна Македонија, истакна Герапетритис. ср/вј/

Фото: Министерство за надворешни работи на Грција

Остани поврзан