• сабота, 27 јули 2024

Вработените во Амазон во Велика Британија почнаа серија штрајкови

Вработените во Амазон во Велика Британија почнаа серија штрајкови

Лондон, 13 февруари 2023 (МИА) – Работниците во магацинот на Амазон во Велика Британија ќе штрајкуваат уште седум дена поради заострениот спор околу платите, објави денеска нивниот синдикат.

Членовите на Синдикатот ГМБ во магацинот во Ковентри, централна Англија, објавија дека повеќе од 350 работници ќе преземат нови активности на 28 февруари, 2 март и од 13 до 17 март.

Минатиот месец членовите на тој британски синдикат го организираа првиот штрајк против американскиот гигант на електронската трговија.

Шефовите на Амазон можат да ја запрат оваа акција доколку ја направат вистинската работа и преговараат за соодветно зголемување на платите со работниците, се наведува во соопштението на Синдикатот ГМБ. ми/

Остани поврзан