• петок, 22 ноември 2024

Земјите-членки на АСЕАН го осудија насилството врз цивилите во Мјанмар и повикаа на мирно решавање на конфликтите во Украина и Газа

Земјите-членки на АСЕАН го осудија насилството врз цивилите во Мјанмар и повикаа на мирно решавање на конфликтите во Украина и Газа

Виентијан, 27 јули 2024 (МИА) - Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) денеска го осудија насилството врз цивилите во Мјанмар и ги повикаа сите завојувани страни да го положат оружјето и да го следат мировниот план усвоен од регионалниот блок.

Во заедничкото коминике издадено два дена по почетокот на консултациите во Лаос, министрите за надворешни работи ги поздравија договорените практични мерки за намалување на тензиите во Јужното Кинеско Море и спречување инциденти во регионот. Во објавениот текст не се наведени конкретните мерки.

АСЕАН ги опиша ракетните тестови на Северна Кореја како вознемирувачки и повика на мирно решавање на конфликтите во Украина и Газа, изразувајќи загриженост поради тешката хуманитарна ситуација и жртвите во палестинската енклава. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан