• петок, 26 април 2024

Во ЈЗУ Општа болница Велес отворена новата Ургентна единица

Во ЈЗУ Општа болница Велес отворена новата Ургентна единица

Велес, 5 април 2024 (МИА) - Во ЈЗУ Општа болница во Велес од вчера е отворена новата ургентна единица каде сите пациенти се згрижуваат на едно место. Воедно, во Одделот за Уво, нос и грло, кој досега немаше ниту еден лекар специјалист, од денеска работат тројца специјалисти по оториноларингологија кои доаѓаат од Штипската болница, информираше директорот на болницата, д-р Зоран Арсовски.

На денешната свеченост по повод 7- ми април Светскиот ден на здравјето во ЈЗУ Општа Болница Велес, Арсовски сподели дека од декември минатата година е формиран Кабинет за дојка, каде од први април годинава Oдделот за радиологија започна со скриниг на дојка.

Дополни дека компјутерската томографија работи континуирано, а има и комплетна дигитализација на одделот за радиологија со 24 часовна покриеност од 11 доктори радиолози од Универзитетската клиника за хирушки болести од Скопје. Исто така, како што рече, во изминатите години во велешката болница успешно е воведена нова метода за одделот за ортопедија каде успешно се изведуваат ендопеотетски операции на колк.

Тој информира дека во постапка е набавка на нов стерилизатор, а реализирани се 63 вработувања на неопределено време со што се унапредени условите за подобар третман на пациентите во болницата.

Директорот Арсовски информира дека на Oдделот за педијатрија се прошириле услугите со отворање на Кабинет за ехо, каде проф д-р Велибор Тасиќ реализирал консултативни прегледи од областа на нефрологијата.

Потсети  дека во изминатите неколку години во ЈЗУ Општа болница Велес имало инвестирање во инфраструктурата, како и дека се набавени  повеќе врвни апарати.

На денешната свеченост беа наградени здравствени работници кои својот работен стаж го сработиле во ЈЗУ Општа болница и  си заминуваат во пензија. Воедно, беа врачени и благодарниците од страна на Општинскиот Црвен крст по повод Денот на крводарителството на вработени во велешката болница кои се повеќекратни крводарители. ад/ар/

 

Фото:МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан