Во Штип утре прскање против комарци
- Во текот на утрешниот ден на територија на Општина Штип ќе се изврши првата адултицидна дезинсекција и втората ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците. Во писменото соопштение од Општина Штип се наведува дека со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип.
Штип, 27 мај 2024 (МИА) - Во текот на утрешниот ден на територија на Општина Штип ќе се изврши првата адултицидна дезинсекција и втората ларвицидна дезинсекција со цел уништување на комарците. Во писменото соопштение од Општина Штип се наведува дека со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип.
- Запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 1 до 4 часот адултицидната и од 5 до 7 часот ларвицидната дезинсекција. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња, застојни води и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети на територијата на општина Штип, се вели во соопштението од Општина Штип.
Во Штип претходниот период имаше една ларвицидна дезинсекција со цел уништување на ларвите од комарците, а до ноември предвидени се седум третирања против комарци и едно авионско прскање. вдј/дма/
Фото: МИА архива