• четврток, 16 мај 2024

Во Собранието закажани седници на три комисии

Во Собранието закажани седници на три комисии

Скопје, 25 јануари 2024 (МИА) - Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија. 

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според информациите објавени на веб страницата на Собранието, е Предлогот за избор на судија на Уставен суд. Согласно објавените информации на страницата на Собранието, за судија на Уставен суд е предложена Ана Павловска-Данева.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се четири предлог-законски решенија - Предлог-законот за помилување во прво читање, Предлог законот за дополнување на Државното правобранителство по скратена постапка, Предлог-измените на Законот за Народен правобранител и Предлог измените за Законот за извршување на санкции, двата во прво читање.

Четирите закони кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија. бак/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан