• недела, 22 декември 2024

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови

Скопје, 16 мај 2024 

Почитувани,

 

По неоснованите напади и лажните вести за дезинсекцијата во Скопје граѓаните да бидат спокојни бидејќи истата се реализира согласно можноста и временските услови на 18.05, но за дезинформациите јавноста мора да ја информираме тука бидејќи друг начин немаме.


Иако сме меѓу првите кои спроведуваат прскање против комарци годинава, сепак има оркестриран напад врз Скопје, а за сите други општини се молчи иако дел сеуште ни постапки немаат отпочнато. 


Прилог доказ кога вршеле прво прскање останатите општини во Македонија и тоа ЈУЛИ до СЕПТЕМВРИ, а никој јавно и медиумски не креирал хистерија.


Градот Скопје спроведува мерки во согласност и рамки на роковите предвидени со Закон.


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 18.05.2024 година (Сабота) во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против лаври од комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.


Се замолуваат засегнатите кои во изминатите неколку дена подгреваа тензии со дезинформации, со цел наштетување на Градот Скопје, да ги информираат граѓаните дека градот Скопје е меѓу првите во Македонија кои навремено ја врши дезинсекцијата во согласност со тоа кога го дозволуваат временските услови за истото бидејќи кога времето е нестабилно и врнежливо истото не се спроведува.



Со почит,

Одделение за односи со јавност
Град Скопје

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан