• недела, 28 април 2024

Во Скопје 114 казни за сообраќајни прекршоци

Во Скопје 114 казни за сообраќајни прекршоци

Скопје, 21 април 2024 (МИА) - Во контролите во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изречени се вкупно 114 мерки, соопштија денеска од МВР.

Од нив, за возење повеќе од дозволената брзина се 31 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при управување...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.цр/

Фото: МИА архива

Остани поврзан