• вторник, 03 септември 2024

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку три лица

Во руските напади врз Украина загинаа најмалку три лица

Киев, 3 септември 2024 (МИА) – Најмалку две лица загинаа при рускиот напад врз југоисточниот украински регион Запорожје, а еден човек загина при ракетен напад врз централниот град Дњепар.

Еден од загинатите во Запорожје е осумгодишно момче, а две лица се повредени, од кои 12-годишно девојче кое е на интензивна нега.

Во текот на вчерашниот ден регистрирани се 313 напади и гранатирање на 11 населени места, при што беа оштетени неколку згради во Запорожје.

Руските сили, исто така, истрелаа проектили врз централниот град Дњепар, при што загина едно лице, а тројца се повредени. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан