• четврток, 14 ноември 2024

Во операција на Европол уапсени се осум лица поради шверц на мигранти по балканската рута

Во операција на Европол уапсени се осум лица поради шверц на мигранти по балканската рута

Хаг, 30 јули 2024 (МИА) - Во операција предводена од романската полиција и граничната служба, со поддршка на Европол и учество на бугарската полиција, се уапсени осум лица и е разбиена организирана криминална мрежа која шверцувала мигранти долж балканската рута, соопшти денеска Европол.

Осомничените илегално превезувале мигранти од Бугарија и Романија во Западна Европа, се наведува во соопштението.

За време на операцијата биле претресени девет локации, а беа уапсени осум романски и сириски државјани. Истовремено, во едно од скривалиштата биле откриени 32 мигранти, а запленети се документи, електронска опрема и парични средства. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан