Девет лица загинаа во автобуска несреќа во Виетнам
- Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во централен Виетнам, соопшти владата.
Ханој, 25 јули 2025 (МИА) – Најмалку девет лица, меѓу кои и деца, загинаа во сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во централен Виетнам, соопшти владата.
Во несреќата, која се случи утрово во 1:45 часот во провинцијата Ха Тин, учествувал автобус кој излетал од патот, удрил во сообраќајни знаци и се превртел.
Повредени се уште 16 лица, кои веднаш биле хоспитализирани со повеќе повреди. јт/
Фото: МИА архива