• четврток, 26 март 2026

Претседателката на ДКСК поднесе оставка по обвинението за две кривични дела

Претседателката на ДКСК поднесе оставка по обвинението за две кривични дела

Скопје, 25 јули 2025 (МИА) - Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Татјана Димитровска утрово до Собранието ја доставила својата оставка.

Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши информира дека Димитровска поднесла оставка од функција. Оттаму посочуваат дека Собранието ќе постапи согласно предвидените процедури.

Од собраниските служби потврдуваат дека оставката е примена и дека во моментов се архивира. Димитровска во оставката се повикува на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција без друго образложение.

Оставката Димитровска ја поднесе откако минатата недела Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела и тоа за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, обвинет во „Адитив“ и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна. ев/са/

ФОТО: Архива 

 

 

Остани поврзан