• сабота, 18 мај 2024

Во Крива Паланка дисеминација од Еразмус проектот „Целиот свет е сцена“

Во Крива Паланка дисеминација од Еразмус проектот „Целиот свет е сцена“
Крива Паланка, 28 февруари 2022 ( МИА) - Ученици и ментори од основното општинско училиште „Јоаким Крчовски“ од Кривa Паланка одржаа дисеминација од Еразмус плус проектот „Целиот свет е сцена“.
На дисеминацијата, која се одржа во Europe House Крива Паланка, учествуваа учениците што во рамки на првата мобилност од овој Еразмус плус проект патуваа во Португалија во градот Висеу, кај партнер-училиштето „Eskola secundaria De Emidio Navarro“ и основци и средношколци од Крива Паланка.
- Учениците кои се директни учесници во проектните активности ги презентираа своите искуствата стекнати на мобилноста. Настанот беше посетен од ученици од ООУ „Јоаким Крчовски“ и СОУ „Ѓорче Петров“ и имаше за цел да ги мотивира учениците да учествуваат во вакви и слични проекти каде се стекнуваат со нови искуства и  нови пријателства, информира професорката по англиски јазик од ООУ „Јоаким Крчовски“ и координатор на проектот, Елена Митевска-Давидовска.
Проектот се имплементира преку Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, а учествуваат училишта од С Македонија, Романија, Турција, Полска, Португалија и Италија.
Следната мобилност од проектот ќе се одржи во април, а партнер-училиштата ќе се сретнат во Крајова, Романија. ид/ар/

Остани поврзан