• четврток, 13 јуни 2024

Во Кавадарци проект за селекција и собирање на отпадни пластика и лименки во вендинг машини 

Во Кавадарци проект за селекција и собирање на отпадни пластика и лименки во вендинг машини 
Кавадарци, 29 март 2023 (МИА) - Во Кавадарци ќе се спроведува проект за селекција и собирање на отпадна пластика и лименки во вендинг машини. Во просториите на општинската зграда беше презентиран ваков еколошки проект, информираа од Општина Кавадарци.
 
Пред локалните компании и невладини еколошки организации активностите ги образложија градоначалникот Митко Јанчев и претставници на Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, ПАКОМАК ДОО. 
 
- Презентирањето на проектот пред компаниите што пуштаат во промет и тргуваат со амбалажа од отпадна пластика и отпаден метал (отпадни лименки) е со цел тие да земат учество во проектот како општествено одговорни компании. Целта на проектот е отпадната пластика и лименки во целост да се селектираат и собираат во вендинг машини, а за тоа граѓаните на апликација да добиваат зелени поени, по еден денар за секое селектирано шише или лименка, појаснија од Општината. 
 
Оттаму додадоа дека следува уште еден состанок, на кој ќе се дефинираат бројот на вендинг машините и компаниите, што ќе земат учество во овој современ еколошки проект. свд/мд/
 
Фото : МИА

Остани поврзан