• среда, 22 јануари 2025

Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето

Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето

Скопје, 23 декември 2024 (МИА) - Водата од системот на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, покажал вчерашниот вонреден мониторинг што го извршил Секторот за санитарна контрола на ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ по прекинот на водоснабдувањето во саботата.

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), мониторингот опфатил девет клучни места: Автокоманда, Сингелиќ, Маџари, Ново Лисиче, Центар, Драчево, Пржино, Ѓорче Петров и Карпош, од каде биле земени примероци од водата за пиење кои потоа биле физичко-хемиско и микробиолошко лабораториски тестирани. Покрај теренските мерења на рутинските параметри, тестирање било изведено со стандардни методи и јонска хроматографија за физичко-хемиската анализа, како и со полимера за верижна реакција метода за микробиолошката анализа. 

-Според добиените резултати, сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки се во согласност со Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење, со што е констатирано дека водата од водоснабдителниот систем на Град Скопје е санитарно исправна и граѓаните може непречено да ја користат, наведува ЦУК.

Водоснабдителниот систем на Скопје беше во прекин во саботата, 21.12.2024 година, поради санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа. мч/ац/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан