• четврток, 20 февруари 2025

Во Кавадарци проект за мерење и следење на физичкиот развој кај ученици 

Во Кавадарци проект за мерење и следење на физичкиот развој кај ученици 

Кавадарци, 18 февруари 2025 (МИА) - Во Кавадарци ќе се спроведува проект за мерење и следење на физичкиот развој кај ученици. Во просториите на Општината денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев и деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот Свети „Кирил и Методиј’“, вонреден проф. д-р Влатко Неделковски, потпишаа Меморандум за соработка. 

- Активностите се во рамките на проектот „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите од Општина Кавадарци“. Проектот вклучува мерење и следење на физичкиот развој (откривање на телесни деформитети) на ученици од второ до петто одделение. Во проектот ќе бидат вклучени 1.460 ученици од основните училишта при Општина Кавадарци, појаснија од Кабинетот на градоначалникот. 

Оттаму истакнаа дека локалната самоуправа, со ова ја официјализираше соработката со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Во следните четири години од општинскиот буџет ќе се одвојат над три милиони денари за овој проект што ќе стартува од учебната 2025/2026 година. свд/мд/

Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

Остани поврзан