• четврток, 26 март 2026

Објавен Конкурсот за поезија за 15. Издание на манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Објавен Конкурсот за поезија за 15. Издание на манифестацијата „100 илјади поети за промена“

Струмица, 5 септември 2025 (МИА) - Mанифестацијата „100 илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го распиша поетскиот конкурс за за јубилејното 15. издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените глобално, но и локално.

Според објавениот конкурс, секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа манифестација или на poetizapromena@gmail.com најдоцна до 20 септември 2025 година, по што ќе бидат разгледани од комисијата којашто ја одредува организацискиот одбор на манифестацијата и здружението и потоа селектираните автори ќе бидат застапени во зборникот „100 Илјади поети за промена“ – Македонија, кој ќе биде издаден како дел од оваа манифестација.

-Сите останати пристигнати песни ќе бидат објавени на официјалниот сајт на „100 илјади поети за промена“, затоа што сме овде да се читаме и online, нели? Ваков конкурс се организира веќе петнаесет години по ред – исто онолку пати колку и што се организира оваа манифестација во светот, се наведува во информацијата од организаторите.

Манифестацијата 100 илјади поети за промена е поддржана од Општина Струмица и Фондацијата „Заев – едно општетво за сите“.рт/са/

Фото: организатори

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан