• четврток, 26 март 2026

Конференција за „Утврдување на вистината во новинарството“ на 33. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ

Конференција за „Утврдување на вистината во новинарството“ на 33. Генерално собрание на АБНА-ЈИЕ

Скопје, 3 септември 2025 (МИА) - Во рамки на конференцијата на тема „Утврдување на вистината во новинарството“, одржана во рамки на 33. Генерално собрание на Асоцијацијата на балкански новински агенции - Југоисточна Европа (АБНА -ЈИЕ), кое се одржува денеска во Скопје, а чиј домаќин е Медиумската информативна агенција - МИА, беше поддржана идејата оваа платформа на новински агенции да биде искористена за организирање обука за употреба на Вештачката интелегенција, која како што беше нагласено, треба да биде само алатка, не и креатор на вести. Исто така, како потребна беше посочена размената на искуства, размената на вести и други медиумски содржини. 

Директорот на турката национална новинска агенција Анадолија Сердар Караѓоз, кој и оваа година претседава со АБНА-ЈИЕ, истакна дека новинарството е професија полна со предизвици, но за да ги почитуваме стандардите мора да се фокусираме на етиката и на интегритетот, секогаш. 

-Како второ важноста на вистината. Вистината не е само принцип, туку основа на довербата на јавноста и трето, можеби, денес најважно нешто справувањето со дезинформациите, рече Караѓоз додавајќи дека сите треба да бидеме обединети против лажните вести и наративи.

Новинската агенција Анадолија, посочи тој, има сервис за проверка на факти и смета дека секоја новинска агенција би требало да има ваков сервис. Во однос на технолошката трансформација односно употребата на вештачката интелегенција, автоматизацијата и преобликувањето на новинарството, вели дека треба да ги користиме овие алатки почитувајќи ги етичките стандарди. Според него, во актуелниов моментум на војни, природни непогоди и несреќи... исто така е важна и солидарноста меѓу новинските агенции, соработка и регионална соработка, како и промоција на медиумската писменост. 

Генералниот секретар на АБНА-ЈИЕ и генерален директор на бугарската новинска агенција БТА Кирил Влчев истакна дека новинските агенции мора да ги почитуваат стандардите, бидејќи оние што зборуваат и пишуваат на социјалните медиуми не почитуваат никакви стандарди и немаат никаква одговорност кон публиката.

-Ние треба да ги презентираме фактите па потоа мислењето, затоа што тоа се стандардите на вистинските новински агенции, рече Влчев.

Влчев зборуваше дека новинските агенции треба да ги промовираат повеќе своите архиви,  посочувајќи дека БТА има архива стара 127 години и дека постојат четири начини како тие ги промовираат илјадниците текстови и фотографии. Архивата ја користат за бекграунд на вести, за настани што се случиле тој ден во минатото проследено со фотографии вклучувајќи ги и социјалните мрежи и за објавување во специлизираниот магазин за култура и литератуира ЛИК.  Според него, БТА има 6 милиони страници текстови, два милиони фотографии, преклу 5.000 кутии со весници, а започната е постапка за нивна заштита и дигитализација што треба да заврши следната година. Смета дека новинаските агенции треба да ја искористат оваа соработка за размена на архивски материјали.

Во дебатата беше посочено дека новинарството и информирањето почнуваат од новинските агенции и тиеимаат многу важна улога во медиумскиот систем. 

Учесниците на конференцијата се согласија дека медиумската писменост е од особена важност за денешнината. Потребно е да се препознаат вистинските информации и да се направи дистинкција. Затоа улогата како новински агенции е многу важна, дотолку повеќе што се се менува многу бргу поради технологијата и вештачката интелегенција. Не можеме да ја игнорираме вештачката интелегенција, но можеби треба да се зборува за професионализација на новинарството, беа дел од заклучоците во дебатата. 

На оторањето на конференцијата зборуваше премиерот Христијан Мицкоски и генералниот директор на МИА Дарко Јаневски. На конференцијата учествуваше и заменик диреторот на МИА Осама Муадини.

ев/са/ 

ФОТО: МИА 

 

 

Остани поврзан