• петок, 05 декември 2025

Лекарската комора домаќин на годинашниот ЗЕВА симпозиум

Лекарската комора домаќин на годинашниот ЗЕВА симпозиум

Скопје, 5 септември 2025 (МИА) - Лекарска комора на Република Северна Македонија е домаќин на годинашниот ЗЕВА симпозиум денеска и утре ќе се одржува во Скопје.

Како што информираа од Лекарската комора, на настанот ќе учествуваат претставници на докторските комори од 12 земји од Централна и Југоисточна Европа.

Предвидено е на сесиите во текот на двата дена да се дискутира на четири теми - вештачката интелигенција во медицината, застапеноста на младите доктори во медицинските комори, вклученоста на коморите во планирањето на здравствениот кадар и признавањето на дипломите од странските држави. бд/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан