• понеделник, 22 јули 2024

Во Дебар педесетина граѓани извршиле увид во избирачкиот список

Во Дебар педесетина граѓани извршиле увид во избирачкиот список

Дебар, 1 март 2024 (МИА) - За неполни три дена педесетина граѓани од општините Дебар и Центар Жупа, извршиле увид во избирачкиот список за гласањето на претседателските и парламентарните избори.

Во избрачкиот список за општина Дебар запишани се над 19 илјади, додека за соседната општина, Центар Жупа, над 7.200 граѓани со право на глас.

Канцеларијата на ДИК во Дебар, за време на траењето на јавниот увид, работи секој ден во периодот 8 до 20 часот, вклучително и деновите сабота и недела, како и за време на празници.

До 18 март 2024 година до 24 часот, до кога е крајниот рок, отворена е можноста за проверка на податоците на избирачите, бришење или дополнување во избирачкиот список.

Граѓаните на двете општини тоа може да го направат електронски или во канцеларија во Дебар, која просторно е сместена во зградата на локалната самоуправа. вт/цр

 

Фото: МИА

Остани поврзан