• недела, 22 декември 2024

Во Кавадарци проект за заштеда на енергија и подобрување енергетска ефикасност во домаќинства 

Во Кавадарци проект за заштеда на енергија и подобрување енергетска ефикасност во домаќинства 

Кавадарци, 22 јули 2024 (МИА) - Проект за заштеда на енергија и подобрување на  енергетската ефикасност во домаќинствата, се спроведува во општината Кавадарци, информираа попладнево од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Целта е, како што нагласија, подобрување на квалитетот на воздухот во општината. 

- Со цел подобрување на квалитетот на воздухот во општина Кавадарци, Здружението за одржливо управување со природните ресурси „Тиквешија“ објавува повик за поддршка на 10 домаќинства за изработка на енергетска контрола, која има за цел да се идентификуваат и анализираат мерките за заштеда на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата, појаснија од Кабинетот на Јанчев. 

Оттаму додадоа дека иницијативата е поддржана во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, што го имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица. Овој проект е дел од Програмската рамка на УНДП, финансирана од Шведска. свд/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан