• сабота, 18 мај 2024

Во Битола ќе биде отворен Регионален советодавен центар за поддршка на жени и деца жртви на насилство

Во Битола ќе биде отворен Регионален советодавен центар за поддршка на жени и деца жртви на насилство
Битола, 7 март 2022 (МИА) - Општина Битола и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство потпишаа Меморандум за отворање на Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Пелагонискиот регион. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски истакна дека со отворањето на Центарот ќе се овозможи решавање и превенирање на еден сериозен проблем во заедницата, потврден, за жал низ конкретни бројки и показатели. - Во текот на 2021 година според податоци на Центарот за социјална работа во Битола значително е зголемен бројот на жртви на семејно насилство и тој изнесува вкупно 148 од кои 105 се жени, 28 мажи и 15 деца. Од сите овие 148 случаи, само на два им е пружена психо-социјална поддршка во Центарот за социјална работа, евидентирани како жртви на семејно или родово базирано насилство. Оттаму неопходноста од отворање на еден ваков Регионален советодавен центар за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство во Битола, но и во Пелагонискиот регион, рече Коњановски на потпишувањето на Меморандумот во Битола. Коњановски информира дека за целиот Пелагониски регион, според добиените податоци од центрите за социјална работа на Битола, Ресен, Прилеп, Крушево и Демир Хисар, во периодот 2020 година и јануари – јули 2021 година вкупно се пријавени 588 жртви на семејно насилство од кои 412 жени, 164 мажи и 12 деца. Според Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, од големо значење е вклучувањето на локалните самоуправи во решавањето на овој проблем. - Проблемот со семејното насилство е многу присутен во речиси сите општини во земјава, па оттука од огромно значење е вклучувањето на локалните самоуправи во надминувањето на овој проблем, нагласи Димушевска. мт/фф/

Остани поврзан