• четврток, 25 април 2024

Во април Рим ќе биде домаќин на министерскиот состанок Италија-Западен Балкан

Во април Рим ќе биде домаќин на министерскиот состанок Италија-Западен Балкан

Рим, 21 март 2023 (МИА) - Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Белград најави дека Рим ќе биде домаќин на министерскиот состанок Италија-Западен Балкан во април оваа година.

Тајани, во разговор со својот српски колега Ивица Дачиќ, се согласил дека постои заеднички интерес за одржување на четвртата заедничка седница на владите на двете земји во Белград, со оценка дека тоа „ќе даде дополнителен импулс во натамошниот развој на билатералните односи“, соопшти Министерството за надворешни работи на Србија по средбата.двајца министри.

Италијанската страна ја истакна силната поддршка за што поскоро интегрирање на Србија во ЕУ, а во тој контекст шефот на италијанската дипломатија најави министерски состанок меѓу Италија и Западен Балкан, кој се планира да се одржи на почетокот на април во Рим, се наведува во соопштението на српското Министерство за надворешни работи. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан