• недела, 12 мај 2024

Воените претставници на Кина и НАТО одржаа дијалог за безбедносни прашања

Воените претставници на Кина и НАТО одржаа дијалог за безбедносни прашања

Пекинг, 13 март 2024 (МИА) - Претставниците на Кина и НАТО денеска во Пекинг го одржаа осмиот дијалог на воено ниво за безбедносни прашања, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

Двете страни разменија мислења во оваа област, како и во однос на меѓународната и регионалната ситуација. На состанокот присуствуваа Канцеларијата за меѓународна воена соработка на Централната воена комисија на Кина и раководството на Заедничката безбедносна дивизија на Меѓународниот воен штаб на НАТО, се вели во соопштението.

Разговорите се одржаа една недела по влезот на Шведска во НАТО. Таа ја прекина својата долгогодишна политика на неврзување во обид да ја гарантира својата безбедност според пактот по руската инвазија на Украина во 2022 година.

Претходната рунда преговори меѓу Кина и НАТО се одржа во февруари минатата година, во седиштето на Алијансата во Брисел. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан