• понеделник, 25 септември 2023

Владата треба да ја усвои и да ја достави во Собранието Предлог-иницијативата за уставни измени

Владата треба да ја усвои и да ја достави во Собранието Предлог-иницијативата за уставни измени

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Владата треба да ја усвои Предлог-иницијативата за уставни измени, подготвена од работната група, која потоа треба да ја предложи до Собранието. За отворање на Уставот, Предлог - иницијативата потребно е да добие двотретинска поддршка во Парламентот.

Претседателот Стево Пендаровски вчера потврди дека е запознат со содржината на уставните амандмани кои, како што рече, Владата денеска треба да ги усвои и да ги предложи во Собранието. Амандманите, додаде тој, се формирани според договореното со ЕУ и согласно заклучоците на Собранието. Наспроти порано изнесениот став, шефот на државата сега вели дека постапката во Парламентот треба да почне дури и да не е обезбедено потебното мнозинство.

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Словенија, по повод учеството на јубилејниот десетти состанок на лидерите на земјите учеснички

-Денеска сум повеќе склон да верувам дека е потребно да се влезе во Парламент, дури под претпоставка да немате сигурни 80 гласа претходно, со тоа што јасно на таков начин и со првото гласање кое бара две третини, би се идентификувале двата главни блока во државата - проевропски и антиевропски блок, вели Пендаровски и при тоа потсетува на  2015-та кога пред да влезе во првото гласање за Преспанскиот договор, тогашната владина структура, немаше обезбедено 80 гласа во тој момент. 

Премиерот Димитар Ковачевски  вчера уште еднаш испрати порака дека очекува сите политички партии и пратеници да гласаат за уставните амандмани во име на народот за поквалитетен живот и посигурна иднина.

Изјава на премиерот Димитар Ковачевски по увидот во работите на делницата Крупиште – Кочани од новиот експресен пат Штип – Кочани.

-Ќе ги предложам сите потребни одлуки Северна Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел -  членство во Европската унија. Се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на кој било политичар во државата, порача Ковачевски.

Премиерот Ковачевски викендот испрати покана за средба до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски која би се одржала во наредните десетина дена, а на која би разговарале за две теми: носење на одуки за интеграцијата на Северна Македонија и за усогласување на ставовите за односите со соседните земји.

Премиерот Димитар Ковачевски во однос на ставовите изнесени од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по нивната средба изјави дека сите тие прашања не задираат во прашањето за

Мицкоски, пак, вчера, уште еднаш потврди дека ја прифаќа поканата за лидерската средба, но и дека премиерот требало да биде свесен за периодот по неуспехот на уставните измени, бидејќи, непоминувањето на измените, според него, ќе значи пад на владата. 

-Овие денови најавија лидерска средба. Немам, да бидам искрен, голема надеж, иако ќе присуствувам на средбата, затоа што секогаш кога се разговара за иднината на Македонија, сметам дека е потребно да се учествува. Воедно, на таа средба, сакам премиерот да биде свесен за времето откако уставните промени ќе пропаднат, истакна Мицкоски од партиската трибина во Делчево. 

Според него, повеќе од 80 проценти од македонскиот народ е против прифаќање на, како што вели,  бугарскиот диктат, и ВМРО-ДПМНЕ, рече, нема да се согласи за промена на Уставот под овие околности и диктат ни сега ни во иднина.

Не треба да губиме време во процесот на уставни измени, затоа што мојот страв е дека ако не фати ноември без завршени промени на Уставот, ќе прекинат преговорите и ќе го изгубиме моментот, а

Работната група на седницата во петокот ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување. Предлогот е доставен до Владата која ќе треба потоа да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.

Промените се во делот на Преамбулата со тоа што се додаваат неколку народи. После бошњачкиот народ се додаваат зборовите: бугарски народ, хрватски народ, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ, изјави по состанокот претседателката на работната група, Маргарира Цаца Николовска.  Втората измена, како што дополни таа, е во делот за дијаспората и во амандманот 34 кој е заменет со член 49 и амандманот 2. Во овој амандман на Уставот на Република Северна Македонија со кој се заменува членот 49 и амандманот 2, после бошњачкиот народ се додаваат зборовите бугарски народ, хрватски, црногорски народ, словенечки народ, еврејски народ, египќански народ. вг/са/

 

 

Остани поврзан