• недела, 19 мај 2024

Вархеји: Опозицијата да докаже дека е посветена на членството на Северна Македонија во ЕУ

Вархеји: Опозицијата да докаже дека е посветена на членството на Северна Македонија во ЕУ
Брисел, 19 јули 2022 (МИА) - Навистина се надвам дека од сега, па натаму сите политички партии во земјата, вклучително и опозицијата, ќе работат на европската иднина и нема да започнат со контроверзи и со предизвикување емоции кои нема да ја водат земјата напред и нема да и донесат ништо на добро, порача денеска еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски и чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски по одржувањето на првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија во Брисел. - Опозицијата секогаш тврди дека е посветена да се случи членството на земјата во ЕУ – па ајде да го докажеме тоа, порача Вархеји во одговор на новинарско прашања, околу можните блокади на уставните измени во Собранието. Тој истакна дека во текот на дебатата по информацијата за содржината на предлог-преговарачката рамка во Собранието биле „надминати некои европски вредности“, но изрази надеж дека по денешната меѓувладина конференција сепак ќе биде свртена нова страница за земјата. Вархеји нагласи дека постои јасна посветеност не само од Владата, туку и од Собраните за уставните измени, посочувајќи дека во спроведувањето на францускиот предлог свои надлежности има и законодавниот дом и тој треба да се вклучи во носењето на такво решение. Во врска со истото прашање, премиерот Димитар Ковачевски нагласи дека по зачленувањето во НАТО, земјата сега тргнува кон својата втора стратешка цел – членството во ЕУ, одлука која беше поддржана од мнозинството пратеници во Собранието. - Слушнавме се и сешто во Парламентот, слушнавме недолично изјави од некои политички партии од опозицијата. Меѓутоа, сепак, мнозинството граѓани претставени преку своите пратеници во Собранието ја донесоа одлуката благодарение на која денеска ја одржуваме првата Меѓувладина конференција, истакна Ковачевски, додавајќи дека како резултат на таа одлука попладнево тимот од владини министри предводени од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ ќе го почне процесот на скрининг. Ковачевски истакна дека одговорност на пратениците од опозицијата е да учествува во дебатата и понатаму, бидејќи во самиот процес на преговори ќе има уште многу чекори по денешниот прв чекор и Собранието ќе има свои обврски во спроведувањето на тие чекори. - Одговорност на секој политичар е да мисли на иднината на држвата и за иднината на идните генерации. Не смее политичар да мисли само на својот личен рејтинг и на својата политичка кариера. Ние се водевме од иднината на државата, се водевме од одлука која ќе овозможи иднина и просперитет на сите граѓани на државата. Верувам дека сите пратеници во Собранито ќе бидат одговорни и во служба на граѓаните, истакна Ковачевски. Тој нагласи дека земјава носеше историски одлуки и „во времето на Киро Глигоров, на Никола Кљусев, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Зоран Заев“, поради кои државата одеше напред. - Заради тие одлуки ние денес сме членка на НАТО. Во виорот на војна што се води Европа, ние сме безбедни, членки на најголемиот одбранбен безбедносен сојуз во светот, додаде Ковачевски. Според него, со денешнито ден паднаа во вода сите манипуалции, сите шпекулации за иднетитетот и јазикот. - Одговрност на сите политичари во државата е да го поддржат тој пат. Затоа што тоа е единствениот пат за Република Северна Македонија кон градење поуспешна и попросперитетна иднина, бидејќи друга алтернатива нема, заклучи Ковачевски. сп/аа/

Остани поврзан