• петок, 17 мај 2024

Британска старлета критикувана - искористува мали кучиња, па се откажува од нив

Британска старлета критикувана - искористува мали кучиња, па се откажува од нив

Лондон, 30 јануари 2024 (МИА) - Британската старлета Кејти Прајс веќе не го поседува кучето Тенк, откако го посвои лани. Германскиот овчар беше нејзиниот седми миленик за седум години, кој живееше со неа во Западен Сасекс, пишува „Сан“.

Таа, се чини, обожава кученца кои изгледаат „слатко“ на Инстаграм, но кога ќе почнат да растат и треба попосветено да ги негува, таа губи интерес и се откажува од нив, велат заштитниците на животни. Старлетата не ги коментираше тие тврдења.

Организацијата „Луѓето за етичко однесување со животните“ - ПЕТА лани остро ја осуди Кејти по трагедијата кога нејзиното куче Блејд угина прегазено од автомобил. Беше покрената и петиција да ѝ се забрани на старлетата да чува миленичиња, што надмина 35.700 потписи.

Пред неколку години, доставувач го удри нејзиното куче Квин, кое поранешното момче на Кејти, Киран Хејлер ѝ го подарил пред седум години - за нејзиниот 38. роденден. Во 2020 година, и друго куче - Спаркл, беше удрено од автомобил на пат. Неколку месеци подоцна, францускиот булдог Роло се задушил згмечен под столица.

Во меѓувреме, Кејти се откажа и од кучето Бер кое напаѓало други животни.  си/мс/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан