• понеделник, 23 декември 2024

„Полските Малдиви“ и езерата со тиркизна вода

„Полските Малдиви“ и езерата со тиркизна вода

Лос Анџелес, 15 мај 2024 (МИА) - Љубителите на туризмот кои ја посетиле Полска сѐ почесто ги препорачуваат „Полските Малдиви“... Се работи за природниот парк „Гродек“ на југот од земјата, со две езера полни со вода во тиркизна боја, и дрвен мост - поради сѐ тоа, местото изгледа како тропски рај.

Паркот се наоѓа близу градот Јавожно и во близина на Катовице, недалеку од јужната граница со Чешка и Словачка. Тука некогаш се наоѓал каменолом, а токму на тоа и двете тиркизни езера ја должат својата, според многумина - неодолива боја. Каменоломот работел повеќе од сто години, а бил затворен во 1990-тите. И покрај неговото постиндустриско потекло, паркот е богат со различни животински видови, ливади, мочуришта, шуми, а пејзажот можe да се следи од неколку патеки-шеталишта. Тиркизните езера коишто некогаш биле резервоари за вода за потребите на каменоломот, се нарекуваат Видра и Орка. Тие се главен хит меѓу посетителите.

Езерото Видра, со своето „дрвено“ шеталиште е веројатно најфотографираниот дел од паркот... Барем во потоплите делови од годината, кога Сонцето ја истакнува неговата тиркизна боја. Како што се истакнува, ова езеро не е „толку егзотично“ зиме и кога времето е облачно.

Орка, пак, е длабоко 18,5 метри и до него нема пристапи освен во костим за нуркање. Како езеро за каменолом, тука на дното сè уште има потонат брод и - два багери.

Меѓу недотатоците што посетителите ги наведуваат на интернет, е тоа што нема „понуди за освежување“, освен можеби само сладоледот што може да се купи на паркингот во екот на сезоната. До паркот „Гродек“ можете да се стигне со воз или автомобил. си/рп/

Фото: Инстаграм, фотоисечоци

Остани поврзан