• четврток, 09 април 2026
Пролетна супа од коприва

Копривата е природно, непрскано растение кое е богато со железо и многу други минерали и витамини треба да биде вклучено во нашата исхрана што е можно повеќе. Оваа здрава и едноставна супа е еден начин на кој можете да ја консумирате...

 

        Состојки:

  • 500 грама млади врвови од коприва
  • 2 чешниња лук
  • 1 пиперка
  • малку масло
  • 2 лажици брашно
  • 1 коцка супа ( зеленчукова)
  • 2 литри вода
  • 2 јајца
  • мелен бибер и сув зеленчук
  • за сервирање павлака

Подготовка:

 Ситно исецканото лукче пропржете го во масло и додадете ја ситно исецканата пиперка и брашното. Додадете ја исецканата коприва и пропржете ја да омекне, прелијте со вода и  додадете коцка супа и зачини и гответе полупокриено околу 20 минути. Изматете ги јајцата со вилушка и измешајте,  послужете со павлака.

 

Фото: Фрипик

Остани поврзан