• недела, 19 мај 2024

Бојмацалиев го посети Градскиот одбор на Сојуз на борци по повод 8 Март

Бојмацалиев го посети Градскиот одбор на Сојуз на борци по повод 8 Март

8 март 2024

Денеска (08.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со заменик министерката за здравство Маја Манолева ги посетија жените борки од Градски одбор на Сојуз на борци по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март.

„Изразувам најискрени честитки и почит за нивната исклучителна храброст и непобитна решителност во борбата за слобода и правда. Вие сте вистински пример на силата и одлучноста на жената, која со придонесот кон македонската кауза за слобода, го остави својот вечен белег во историјата на македонскиот народ во создавањето на современа македонска држава, и стана потсетник за нас сите дека слободата и правдата треба секојдневна и неуморна борба", рече Бојмацалиев, додавајќи дека денешниот 8-ми Март не само што е прилика да се спомене вашата важна улога, туку и да се потсетиме на неопходноста од продолжување на борбата за еднаквост, социјална и економска правда и правична застапеност за сите жени.

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МВР

Остани поврзан