• недела, 28 април 2024

Бербок бара „заштитен штит“ за Украина во зима

Бербок бара „заштитен штит“ за Украина во зима

Киев, 2 октомври 2023 (МИА) - Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска го повтори нејзиниот повик за „заштитен штит“ за Украина пред претстојната зима, откако пристигна на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија во Киев.

-Тоа би вклучувало проширување на воздушната одбрана, снабдување со генератори на електрична енергија и зајакнување на снабдувањето со енергија во целина. Минатата зима го видовме бруталниот начин на кој рускиот претседател [Владимир Путин] ја води оваа војна со намерно напаѓање на електрични централи, изјави Бербок.

Министерката рече дека Путин исто така се надева дека ќе доведе до колапс на водоснабдувањето на овој начин на температури од 20 степени под нулата.

-Мораме да го спречиме тоа колку што е можно, со се што имаме, додаде Бербок.

Германија веќе и обезбеди на Украина голема поддршка, вклучително и системи за противвоздушна одбрана како Ирис-Т и Патриот. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан