• четврток, 14 ноември 2024

Владата на Португалија не планира да плаќа репарации за злосторства над робовите

Владата на Португалија не планира да плаќа репарации за злосторства над робовите

Лисабон, 28 април 2024 (МИА) - Спротивно на изјавите на португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза, Владата на Португалија денеска соопшти дека одбива да започне каков било процес на исплата на репарации за злосторствата извршени за време на трансатлантската ропска и колонијална ера.

Од 15 до 19 век, шест милиони Африканци биле киднапирани и насилно транспортирани преку Атлантикот со португалски бродови и продадени во ропство, главно во Бразил.

Ребело де Соуза изјави и дека Португалија може да користи неколку методи за плаќање репарации, како што се отпишување на долговите кон поранешните колонии и обезбедување финансиска поддршка.

Сепак, португалската Влада соопшти дека сака „подлабоко подобрување на меѓусебните односи, почитување на историската вистина и сè поинтензивна и блиска соработка, заснована на помирување на братските народи“ и додаде дека не постои „процес или програма за конкретни акции за исплата на репарации“, истакнувајќи дека оваа политичка линија ја следеле и претходните влади.

Владата во Лисабон оцени дека односите со поранешните колонии се „навистина извонредни“, особено во областите како што се образование, јазик, култура, здравство, но и во доменот на финансиската и економската соработка. ссм/

фото: архива

 

Остани поврзан