• петок, 22 ноември 2024

Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто

Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто

Вашингтон, 28 април 2024 (МИА) - Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден во просек изнесуваше 38,7 отсто во текот на неговиот 13-ти квартал на функцијата, според неодамнешното истражување на јавното мислење на Галуп.

Во првиот квартал од 2024 година, Бајден (81) доби поддршка од 38,7 отсто од анкетираните, три отсто помалку од поддршката што ја имаше претседателот Џорџ Буш постариот. во истиот период од неговиот мандат, пренесува „Њујорк пост“.

„Околу шест месеци пред изборите, Бајден е во послаба позиција од кој било претходен претседател“, заклучија анкетарите на Галуп.

Истото истражување покажува дека поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се натпреварува со Бајден за втор мандат во Белата куќа, добил поддршка од 46,8 отсто од анкетираните.

Њујоршкиот дневен весник наведува дека и двајцата (непопуларни) претседатели Никсон и Картер имале поголема поддршка од Бајден, со 53,7 отсто, односно 47,7 отсто, додека претседателот Двајт Ајзенхауер имал најголема поддршка во последните 70 години со дури 73,2 отсто.

Резултатите од анкетите на Галуп за јавна поддршка на американските претседатели, кои се спроведуваат од почетокот на мандатот на Ајзенхауер во 1952 година, се силен показател за успех за кандидатите кои сакаат да добијат втор мандат во Белата куќа, според „Њујорк Пост“.

Историски гледано, секој претседател во изминатите седум децении со поддршка над 50 отсто успеал да добие втор мандат, освен Барак Обама кој победи во 2012 година со 46 отсто поддршка на шест месеци пред изборите. ссм/

фото: архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан