• сабота, 23 ноември 2024

УНРВА: Во Газа за шест месеци се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

УНРВА: Во Газа за шест месеци се убиени повеќе деца отколку во светот за четири години

Њујорк, 28 април 2024 (МИА) - Шефот на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (УНРВА), Филипе Лазарини, изјави дека во Појасот Газа во последните шест месеци биле убиени повеќе деца отколку во сите светски конфликти во последните четири години.

- За шест месеци се убиени повеќе од 30.000 луѓе. Знаеме дека меѓу нив има 13.000 деца. Знаеме дека во Газа за шест месеци се убиени повеќе деца отколку во сите конфликти во светот во последните четири години. Затоа е без преседан и според обемот, како и по степенот на уништување, вели Лазарини во интервју за ТАСС.

Тој додаде дека вкупно 180 работници на УНРВА се убиени во енклавата од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас и дека не ја исклучува можноста правдата да се бара пред Меѓународниот кривичен суд за смртта на вработените. ссм/

фото ЕПА 

Остани поврзан