• недела, 28 април 2024

Бајден го обвини Конгресот за „запоставување“ на Украина и му се заблагодари на Шолц за воената помош за Киев

Бајден го обвини Конгресот за „запоставување“ на Украина и му се заблагодари на Шолц за воената помош за Киев

Вашингтон, 10 февруари 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американскиот Конгрес ќе биде виновен за „речиси криминално запоставување“ доколку не донесе одлука за доделување средства за Украина и му се заблагодари на германскиот канцелар Олаф Шолц за неговото лидерство во обезбедувањето германска воена помош за Киев.

Шолц пристигна во Вашингтон за да ги поддржи напорите на Бајден да добие средства за Украина и се состана со претседателот на САД во Белата куќа.

Бајден и Шолц разговараа за војната на Русија со нејзиниот помал сосед, како и за кризата на Блискиот Исток.

Зборувајќи за новинарите пред состанокот, Шолц рече дека е охрабрен од одлуката на американскиот Сенат донесена во четвртокот да го унапреди предлог-законот од 95,34 милијарди долари, кој вклучува помош за Украина, Израел и Тајван, откако републиканците ја блокираа компромисната регулатива што вклучува реформи во имиграциската политика.

Белата куќа со месеци предупредува дека одбивањето на пратениците да му пружат помош на Киев ќе и наштети на способноста на Украина да се бори против Русија две години откако Русија ја нападна соседната земја.

- Неуспехот на американскиот Конгрес, доколку дојде до тоа, да не продолжи да ја поддржува Украина би било речиси криминално небрежно. Тоа е срамота, порача Бајден од Овалната соба, додека Шолц седеше до него.

- Многу сум среќен што во Европа донесовме одлуки да ја обезбедиме потребната финансиска поддршка за буџетот“, рече Шолц на англиски јазик. „Исто така, Германија беше подготвена да ја зголеми својата поддршка со снабдување со оружје. Канцеларот додаде дека се надева дека Конгресот, Претставничкиот дом „ќе следат и ќе одлучат да ја дадат потребната поддршка“.

- Германија неодамна даде одлучувачки придонес во поддршката на Украина за да се одбие целосна руска инвазија, нагласи Шолц. - Сега истото мора да се случи во остатокот од Европа и во САД, додаде тој, истакнувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин смета на тоа дека поддршката за Украина ќе опадне.

„Постои јасна цел, а тоа е желбата на рускиот претседател да анектира дел од Украина“, рече Шолц. ссм/

фото: ЕПА

 

Остани поврзан