• сабота, 18 мај 2024

Асефа постави нов светски рекорд во маратон

Асефа постави нов светски рекорд во маратон

Берлин, 24 септември 2023 (МИА) - Маратонката од Етиопија, Тигист Асефа денес постави светски рекорд на трката во Берлин. Дваесет и деветгодишната атлетичарка патеката ја мина за 2 часа 11 минути и 53 секунди.

 

Претходниот рекорд и припаѓаше на Кенијката Бригид Косгеи, поставен во Чикаго во 2019 година. Таа истрча време од 2 часа 14 минути и 4 секунди.

 

Маратонското растојание е 42.195 км.

 

Асефа победува на престижниот Берлински маратон втора година по ред. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан