• петок, 17 мај 2024

Азески: Нашите аргументи за Предлог-законот за данок на солидарност држат, ќе ги искористиме сите можности

Азески: Нашите аргументи за Предлог-законот за данок на солидарност држат, ќе ги искористиме сите можности

Скопје, 20 јули 2023 (МИА) – Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески денеска повторно порача дека Комората ќе ги искористи сите средства што и стојат на располагање за да го спречи донесувањето на Предлог-законот за данок на солидарност.  

-Ќе одиме до крај зашто мислиме дека нашите аргументи се издржани и ќе ги искористиме сите средства во Парламентот, кај претседателот на државата и кај Уставниот суд, изјави Азески во одговор на новинарско прашање по денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Стопанската комора.

Нашата основна цел, додаде, е да ги искористиме сите демократски механизми кои ни стојат на располагање за во конструктивна дебата да докажеме дека нашите аргументи држат.

-Не смее да се извлекува теза и да се злоупотребува името на законот, бидејќи компаниите кои стојат зад нашето барање многу пати досега се докажале дека се солидарни. Покрај тоа, во барањето се потпишани и компании кои не потпаѓаат под удар на овој закон што значи дека се солидаризираат со бизнисот, посочи Азески.

Нагласи дека е неопходно да се проверат сите механизми и сите институции како конкретно гледаат на работите кои ни се случуваат.вј/лв/

 

Фото: МИА   

Остани поврзан