• недела, 21 јули 2024

Во Општина Чашка спроведена еко акција Генералка викенд

Во Општина Чашка спроведена еко акција Генералка викенд

Велес,17 мај 2024 (МИА) - На повеќе локации во  Општина Чашка денеска се спроведе една од најголемите еко акции за чистење на животната средина насловена  Генералка Викенд, информираат за МИА од Општина Чашка. Собрани се над 400 големи црни вреќи со  секаков вид на отпад, од повеќе  локации во општината:  кај  село Мелница, Лисиче, кај Браната Лисиче, на Пашин мост кон Извор и на други места во реонот на Општина Чашка познат со многу природни убавини.

Во еколошката акција беа  вклучени над 600  учесници,вработените и учениците во основните училишта „Лирија“ од Горно Јаболчиште  и ООУ  „Тодор Јанев“ од Чашка  , вработените во Детската Градинка„ Бамби“, од Хидросистемот  „Лисиче“,ЈПКД „Тополка“ и вработените во  Општина Чашка.

Учествуваа и  војниците со старешини   касарната „Алексо Демниевски-Бауман“  во Велес,ЗГ „Акцијаши Ветерани“ и Извиднички одред „Димитар Влахов “Велес.

Од Општина Чашка  потенцираат дека во денешната акција  учесниците покажаа пример за еколошка одговорност кон својата заедница.

-Да продолжиме сите заеднички во иднина да ја подигаме свеста за почиста животна средина и поубав изглед на нашата општина,порачуваат од Општина Чашка.

Воедно апелираат до сите жители и посетители на Општина Чашка и реонот на Азот познат со природни убавини и реткости при посетатат во природа да не фрлаат отпад,туку собран во кеса да го одложат во најблискиот контејнер за смет.Со тоа сите ќе придонесат за зачувување на природата и природните реткости и убавини.ад/са/


 ФОТО Општина Чашка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан