• понеделник, 20 мај 2024

Адмирал Ефитимов: До пристигнувањето на новите американски авиони Ф-16 Блок 70, воздушниот простор на Бугарија може да го чуваат Израел, САД или Франција

Адмирал Ефитимов: До пристигнувањето на новите американски авиони Ф-16 Блок 70, воздушниот простор на Бугарија може да го чуваат Израел, САД или Франција
Софија, 1 септември 2022 (МИА) - Авиони ловци од Израел, САД, Шведска или Франција можат да го штитат бугарскиот воздушен простор до пристигнувањето на новите американски ловци Ф-16 Блок 70, изјави началникот на бугарската одбрана, адмирал Емил Ефтимов. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ефтимов истакна дека Бугарија работи на сите можности, како што е продолжување на летовите со авионите МиГ-29 и доколку не може да се обезбедат доволно часови на лет, да има друга опција. Тој додаде дека во тек се разговори со Полска за ремонт на авионите МиГ-29. Во средината на октомври, меѓународната борбена група, која беше создадена на предлог на Бугарија за зајакнување на источното крило на НАТО, ќе биде оперативна. Бугарската војска испратила 350 војници на границата со Турција. Адмирал Ефтимов изјави и дека е подготвен доколку бугарското МВР побара дополнителни сили и средства да реагира. нк/ми/

Остани поврзан