• понеделник, 19 август 2024

Во Судан 22 лица починаа од колера, а 354 се заразени

Во Судан 22 лица починаа од колера, а 354 се заразени

Картум, 19 август 2024 (МИА) - Во епидемијата на колера што го зафати Судан, животот го загубија најмалку 22 лица, додека 354 се заразени, соопшти денеска суданското Министерство за здравство.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека годинава во Судан до 28 јули се регистрирани 78 смртни случаи од колера, а од 1 јануари до 28 јули од оваа болест се разболеле повеќе од 2.400 луѓе.

Тарик Јашаревиќ, портпарол на СЗО, рече дека епидемијата започнала во источната провинција Касала, пред да се прошири на девет места во пет провинции. Тој истакна дека податоците покажуваат дека повеќето од откриените случаи не биле вакцинирани.

Посочи дека СЗО сега работи со суданските здравствени власти за спроведување на вакцинацијата.

Колерата е многу заразна инфекција која предизвикува дијареа, што доведува до тешка дехидрација и можна смрт во рок од неколку часа доколку не се лекува. Се пренесува со конзумирање на контаминирана храна или вода.

Колерата не е невообичаена во Судан. Претходната голема епидемија во 2017 година остави најмалку 700 мртви и околу 22.000 болни. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан