• среда, 21 август 2024

Нетанјаху изјави дека средбата со Блинкен била „позитивна“

Нетанјаху изјави дека средбата со Блинкен била „позитивна“

Ерусалим, 19 август 2024 (МИА) – Средбата меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот државен секретар Ентони Блинкен беше „позитивна и помина во добар дух“, се вели во соопштението на кабинетот на израелскиот премиер.

- Премиерот ја потврди посветеноста на Израел на најновиот американски предлог за ослободување на нашите заложници, земајќи ги предвид безбедносните потреби на Израел, на кои тој силно инсистира, се вели во соопштението на владата, објавено по тричасовната средба.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно денеска предупреди дека најновиот обид за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците е веројатно најдобрата и можеби последната опција, повикувајќи ги Израел и Хамас да направат тежок компромис и да го прифатат договорот. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан