• петок, 21 февруари 2025

Ѓорѓиевски на средба со Марко Трајановски, прв Македонец со освоено злато на Европско првенство во ММА

Ѓорѓиевски на средба со Марко Трајановски, прв Македонец со освоено злато на Европско првенство во ММА

Скопје, 20 февруари 2025 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес оствари средба со Марко Трајановски, младиот македонски борец кој испиша историја како прв Македонец со освоено злато на Европско првенство во ММА. Шеснаесетгодишниот талент од Драчево, на ЕП во Белград, Србија, се натпреваруваше во категоријата до 83,9 килограми, каде што редеше победи против ривали од Бугарија, Романија, Украина, а во финалето извојува триумф против претставникот на Италија. Градоначалникот Ѓорѓиевски изрази огромна гордост за овој успех, истакнувајќи дека ваквите резултати се инспирација за сите млади спортисти и потврда дека со посветеност и труд може да се достигнат врвни резултати. Му честиташе на младиот шампион, посакувајќи му уште многу успеси во иднина и го информираше дека ќе му биде доделена финансиска поддршка од Општина Кисела Вода.


-Овој успех на Марко е не само личен триумф, туку и гордост за Кисела Вода и за цела Македонија. Да имаме европски шампион од нашата општина е доказ дека овде растат и се развиваат вистински спортски таленти. Како градоначалник, секогаш ќе поддржувам вакви млади и успешни поединци, бидејќи тие се најдобриот пример за следните генерации. Затоа, со големо задоволство најавувам дека Општина Кисела Вода ќе му обезбеди финансиска поддршка на Марко за неговите идни натпреварувања и се надевам дека и понатаму ќе ја претставува нашата држава на највисоко ниво-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, додавајќи дека Општина Кисела Вода ќе продолжи со активна поддршка за развојот на спортот и младите таленти.

Општина Кисела Вода 

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: Општина Кисела Вода 

Остани поврзан