• вторник, 19 ноември 2024

Шекеринска, Спасовски и Шкријељ на Регионалната Социјалдемократска академија за женско лидерство

Шекеринска, Спасовски и Шкријељ на Регионалната Социјалдемократска академија за женско лидерство

Скопје, 27 декември 2023 (МИА) - Во Скопје денеска почна регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство, на која учествуваат на жени лидерки од социјалдемократските партии и граѓански организации од Северна Македонија, Србија, Албанија, Грција, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија, информираат од Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС).
 
На Академијата воведни излагања имаа претставнички на Форумот на жени на СДСМ, проектната координаторка во ФЕС Нита Старова и претставничката од ФЕС Белград Ана Манојлович-Стакич.
 
Пратеничката Санела Шкријељ заедно со жените лидерки од регионот ќе дискутираат за состојбата со антиродовите движења во земјите во регионот и можностите за соработка и поддршка за прогресивните сили во справување со антиродовите наративи.
 
Утре потпретседателката на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе дебатираат на панелот „Влијанието на анти-родовото движење на агендата на жените, мирот и безбедноста“.
 
-Академијата го опфаќа и теоретскиот и практичкиот дел со интерактивни предавања, работилници, панел дискусии, обуки и групна работа. Целта е зајакнување на лидерските вештини кај жените социјалдемократки, поттикнување да направат правилен чекор и да го заземат своето место во заедниците кадешто се носат одлуките и политиките, затоа што резултатите покажуваат дека жените на клучни лидерски позиции работат многу помудро, подобро, со интегритет и емпатија правејќи позитивни промени за државата, информираат од ФЕС.
 
Регионалната социјалдемократска Академија за женско лидерство е во организација на Фондацијата Фридрих Еберт, ФЕС Дијалог Југоисточна Европа. дма/са/

Фото:ФЕС

Остани поврзан