Се реконструира улица во демиркапиското село Чифлик
- Во завршна фаза е реконструкцијата на улица во селото Чифлик - крак 1, крак 2 и крак 3, Општина Демир Капија, со должина од 1.142 метри, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.
Демир Капија, 19 ноември 2024 (МИА) - Во завршна фаза е реконструкцијата на улица во селото Чифлик - крак 1, крак 2 и крак 3, Општина Демир Капија, со должина од 1.142 метри, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров.
- Реконструкцијата на улица во селото Чифлик е дел од договорот за подобрување на инфраструктурата на локалните патишта склучен помеѓу Министерството за транспорт и изведувачот ДГТ Жикол, со претходно обезбедено финансирање од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска Банка за покривање на трошоците на проектот за поврзување на локални патишта, соопшти градоначалникот.
Тој појасни дека вкупната вредност на договорот изнесува 11.481.153,97 денари.
- Изградбата на улици значително ќе ја подобри пристапноста, ќе го олесни транспортот и поврзување на заедницата, но и ќе придонесе кон засилен економски раст на нашата општина. Заедно продолжуваме кон поголем развој на нашата Демир Капија. Заедно продолжуваме напред, рече Петров. свд/дма/
Фото : Општина Демир Капија