Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“
- На 17 ноември во 12:30 часот во СВР - Скопје, 44-годишната Х.Д. пријавила дека околу 11:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на сила ѝ одзело паричник и мобилен телефон.
Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Секторот за внатрешни работи - Скопје поднесе кривична пријава против 32-годишниот скопјанец Џ.З., поради сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор од осум дена, информираат вечерва од Министерството за внатрешни работи.
На 17 ноември во 12:30 часот во СВР - Скопје, 44-годишната Х.Д. пријавила дека околу 11:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Карпош, едно лице со употреба на сила ѝ одзело паричник и мобилен телефон.
- Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР - Скопје презедоа мерки и активности и го расчистија случајот. Џ.З. е лишен од слобода и поднесена е соодветна кривична пријава, истакнуваат од Министерството за внатрешни работи. бд/дма/
Фото: МИА архива