• понеделник, 23 декември 2024

Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре

Амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 продолжува утре

Скопје, 19 ноември 2024 (МИА) - Во собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево заврши првиот ден од амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година. 

Во текот на денешниот ден не беа прифатени четири амандмани од кои еден од СДСМ и три амандмани поднесени од пратеникот Сали Мурати од Движењето на Турците на Македонија.

Амандманот на СДСМ се однесуваше на зголемување на платите во администрацијата за што се бараа 3,5 милијарди денари, а со еден амандман поднесен од Сали Мурати се бараше измена на одлуката за патни трошоци за пратениците односно таа да се однесува и на другите активности што ги имаат пратениците како присуство на семинари.... Еден од неговите амандмани се однесуваше и на статусот на асистентите кои работат во регионалните канцеларии на пратениците.    

Амандманската расправа продолжува утре во 12:30 часот, а поднесени се вкупно 307 амандмани од кои 204 се на опозициската СДСМ. 

Расправата за Предлог-буџетот за следната година во собраниската Комисија за финансирање и буџет трае вкупно 10 дена и треба да заврши најдоцна до 30 ноември по што продолжува на пленарна седница. Согласно законот, Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до крајот на годината. бак/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан