Христодулидис: Потребно е зајакнување на стратешката автономија на ЕУ
- Нашата позиција е јасна за потребата од зајакнување на стратешката автономија на Европската унија. Зајакнување во областа на одбраната, безбедноста, на конкурентноста, на продуктивноста, рече кипарскиот претседател Никос Христодулидис пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел, истакнувајќи дека е од особена важност дискусијата за улогата на Европа во светот, додека пак за Сирија посочи дека е потребен заеднички пристап, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 19 декември 2024 (МИА) – Нашата позиција е јасна за потребата од зајакнување на стратешката автономија на Европската унија. Зајакнување во областа на одбраната, безбедноста, на конкурентноста, на продуктивноста, рече кипарскиот претседател Никос Христодулидис пред почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел, истакнувајќи дека е од особена важност дискусијата за улогата на Европа во светот, додека пак за Сирија посочи дека е потребен заеднички пристап, јави дописничката на МИА од Атина.
Претседателот на Кипар рече дека на Самитот ќе ги презентира предлозите за Сирија преку нон-пејперот што го доставија заедно со Грција и Австрија и како што објасни, станува збор за „патоказ на случувањата што сакаме да го видиме во Сирија“, односно дека „ако има одговор од страна на сириската Влада, ќе има одговор и од наша страна“.
- Да ве потсетам дека Република Кипар се наоѓа на помалку од 80 километри од Сирија и токму затоа заедно со Грција и Австрија доставивме и конкретен документ за дискусија. Нашиот став, а тоа го пренесов и на Европската народна партија, е потребата од заеднички пристап на 27-те земји заедно со соседните држави. Мислам дека нема да има некој посебен американски интерес за случувањата во Сирија, па така како Европска Унија, заедно со соседните држави, мора да имаме заедничка политика, посочи Христодулидис.
Во однос на мигрантското прашање, објасни дека во патоказот што го доставиле треба да биде вклучена и миграцијата, бидејќи „ако не се гарантираат човековите права на сите малцинства во Сирија како единствена опција, ќе имаме нова бран на миграција, кој секако мора да се спречи“.
Паралелно додаде дека речиси секојдневно имаат доброволни враќање на Сиријци од Кипар, преку Либан или преку Јордан. ср/ссм/