• сабота, 23 ноември 2024

Фон дер Лајен: Земјоделството е еден од најважните сектори за Европа и затоа мора да ги заштитиме земјоделците

Фон дер Лајен: Земјоделството е еден од најважните сектори за Европа и затоа мора да ги заштитиме земјоделците

Брисел, 4 септември 2024 (МИА) - Едвај да има сектор поважен за нашиот континент од земјоделството, кое е од витално значење за нашето здравје и има стратешко значење за нашата економија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел посветена на Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството. 

- Но, знаеме дека нашите земјоделци се соочуваат со многу и се поголеми предизвици, од многу тешката глобална конкуренција, до разорните ефекти од климатските промени, изјави Фон дер Лајен. 

Претседателката на нагласи дека за ублажување на овие последици и предизвици, ЕУ направи важен напредок кон поголема одржливост, во чии рамки е и овој Стратешкиот дијалог во чии рамки се презентирани повеќе консензуални решенија. 

- Но, сите знаеме дека мораме да направиме повеќе и ќе направиме повеќе – за да ги заштитиме нашите земјоделци и да го направиме земјоделско-прехранбениот систем поотпорен, поконкурентен, но што е најважно и поодржлив, истакна Фон дер Лајен. 

Таа потенцира дека меѓу приоритетите на новата Европска комисија ќе бидат обезбедување правични, доволни приходи и одржлив просперитет за земјоделците, поддршка на земјоделство што работи за и во интерес на природата и намалуваме бирократските процедури, пред се за малите и семејните фарми. сп/

Фото: Скриншот

Остани поврзан