Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во контејнери во пристаништето Антверпен

Антверпен, 22 ноември 2024 (МИА) - Белгиската полиција заплени речиси пет тони кокаин во транспортни контејнери во пристаништето Антверпен, и приведе осум лица кои се товарат за кривични дела шверц на дрога и учество во криминална организација, соопшти обвинителството.
Се наведува дека истрагата за случајот е во тек.
Јавното обвинителство на Брисел истражува криминална организација, наводно вмешана во шверц на кокаин во Белгија од Јужна Америка, Централна Америка и Канада, објави „Брисел тајмс“. зш/